Бакојани сака да влезе во новиот парламент

Од:

Во пресрет на новите повторени избори во Грција, Демократската алијанса на Дора Бакојани денеска и се приклучи на Нова демократија. Со ова таа ќе се обиде да ги зајакне своите позиции и да биде дел од новиот парламент по изборите на 17. јуни.

На предходните избори либерално-центристичката Демократска алијанса на Бакојани освои 2,55 отсто од гласовите и не успеа да обезбеди место во Парламентот.

„Дојде време да ги ставиме на страна нашите разлики. Одлучивме да ги обединиме силите“, рече лидерката на Демократската алијанса, Бакојани.

Ќерката на поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис, Бакојани е првата жена градоначалник на Атина и прва жена министер за надворешни работи. Тоа се највисоките политички позиции кои во историјата на Грција ги имала некоја жена политичарка.

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски