Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ повторно итно дојде во Бањско Поле, од каде исчезна двегодишната Данка Илиќ, а по неа се трага од 26 март.
Како што дознаваме, Гашиќ дошол да ги посети сите членови на екипите кои деноноќно трагаат по исчезнатото девојче.
Според известувачите од местото на настанот, во дворот пристигнале багери и друга тешка механизација го расчистуваат просторот каде, меѓу другото, има и напуштена барака.
Од синоќа на терен се специјализирани полициски екипи и пожарникари, додека според достапните информации, родителите на девојчето сè уште се во полиција која врши разговор со нив.