Баербок: ЕУ треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок по денешната посета на бегалски камп во Грција изјави дека Европската унија треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници.

Таа рече дека земјите од ЕУ треба да направат повеќе за да ги заштитат оние што бараат засолниште од војна и страдање.

– Нашите европски вредности важат и на надворешната граница на Европа. Ако не ги одбраниме таму, тие ќе исчезнат, изјави Баербок во интервју за атинскиот весник „Та неа”.

Германската министерка утре треба да се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и со министеро т за надворешни работи Никос Дендиас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Баербок се закани дека ќе ги прекине односите со САД

Бербок: Не исклучувам учество на германски војници во мировната мисија во Украина

Баербок ја критикуваше нејзината влада дека е неодлучна за помошта за Украина

Горан Наумовски

Баербок: Путин ја вовлекува Азија во војна со Украина

Бербок: Во ЕУ се одлучува едногласно, Македонија не може да напредува без уставните измени

Катерина Ѓуровски

Германската канцеларка: ЕУ размислува за нови санкции кон Иран