Азискиот стршен долг 6 сантиметри пристигна на Балканот!

Од:

Азискиот стршен, кој во последните години во повеќе европски земји направил повеќе штети во кошниците, а опасен е’ и по луѓето, за прв пат се појавил во Словенија, потврдиле од Пчеларскиот сојуз на таа земја.

Азискиот стршен неодамна го забележал и пријавил еден пчелар од Пивка во западна Словенија, а се претпоставува дека дошол од Италија.

Пчеларот во своите кошници забележал значајна штета, а експертите ги повикуваат и останатите пчелари да бидат внимателни и да разменуваат информации за можно ширење на овој инсект.

Азискиот стршен е вид против кои европските пчели немаат одбранбен механизам, а прв пат во Европа се појавил во 2005-тата година во јужна Франција, и од тогаш се проширил и во Шпанија, Британија и Италија.

Поголем е од обичниот европски стршен и може да порасне до шест сантиметри.

Азискиот стршен лета со брзина до 60 километри на час, а пчелите не ги напаѓа во лет, туку влегува во нивните кошници.

За една минута може да убие 40 пчели кои против него, за разлика од азиските, немаат методи за заштита, пренесуваат словенечките медиуми.

Во некои ситуации азискиот стршен може да биде опасен и за луѓето, и тоа не само за оние кои се алергични.

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот