Австриската полиција соопшти дека голема е веројатноста малата Данка да е детето од објавеното видео

Од:

Австриската полиција го објави видеото кое е снимено на трамвајската станица во Виена, на кое се верува дека ја покажува малата Данка Илиќ која исчезна кај Бор на 26 март.

Австриската полиција соопшти дека голема е веројатноста малата Данка да е детето од објавеното видео.

„Откако роднините на исчезнатото девојче ги погледнале сликите, претпоставуваат дека многу веројатно се работи за исчезнатото девојче од Србија. Виенската полиција бара апсење по налог на јавното обвинителство“, соопшти австриската полиција.

Австриската полиција апелира до сите граѓани кои ги виделе двете жени фотографирани со девојчето веднаш да се обратат во полиција.

Да потсетиме, малата Данка исчезна на 26 март во близина на Бањско Поле во Бор и оттогаш по неа се водат интензивни трагања.

Би можело да ве интересира

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка