Австрија студено реагираше откако Грција го отповика амбасадорот во Виена за консултации, повикувајќи ја јужноевропската земја да го заврши својот дел од работата за совладување на миграцијата, јави ДПА.
Амбасадорот беше повикан да се врати во Атина за консултации, поради стравувањата на Грција дека новите строги гранични правила, воведени од Австрија и некои балкански држави, ќе ги блокираат мигрантите и бегалците во Грција.
– Австрија може да ја разбере нервозата на Грција, кога се зголемува притисокот врз земјата да помогне за совладување на бегалскиот поток, соопшти австриското МНР во писмена изјава.