Австрија испраќа 20 тони помош во Грција

Од:

Австрија на почетокот на неделата ќе испрати 20 тони помош за Грција со цел полесно да се избори со мигрантската криза, најави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер.

Пратката, како што се наведува во соопштението ќе содржи кревети, хигиенски сетови и ќе биде испратена со три шлепери.

– Австрија со приемот на 90 илјади баратели на азил минатата година даде голем хуманитарен придонес за надминување на мигрантската криза. Знаеме што значи притисок и затоа сакаме да ги поддржиме сите партнерски земји, кои се од притисок, порача Микл Лајтнер.

Таа нагласи дека тоа е фер однесување и изрази надеж дека овој пример ќе го следат и многу други држави на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија