Авион на Туркиш Ерлајнс вратен поради закана од бомба

Од:

На авионот на Туркиш Ерлајнс на летот за швајцарскиот град Базил денеска му беше наложено да се врати во Истанбул поради закана од бомба, изјави портпаролот на оваа турска авиокомпанија.

– Боинг 738 во кој се наоѓаа 151 патник и членови на екипажот безбедно слета на аеродромот во Истанбул, ја пренесува Танјуг изјавата на потпаролот.

Авионот е одведен на безбедно место на аеродромот Атататурк, а деминери почнаа со претрага по евтуалната бомба.

На лист хартија пронајден во авионот било напишано „има бомба“.

Тоа е уште еден во серијата инциденти со бомбашки закани во авиони на Туркиш Ерлајнс во последните месеци.

Би можело да ве интересира

Туркиш ерлајнс ги откажа летовите за Украина и неколку градови во Русија и Белорусија

Туркиш ерлајнс ги зајакнува капацитетите во Македонија

Емир Латифовиќ

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Нирнберг

Емир Латифовиќ

Туркиш ерлајнс купува 95 авиони од Боинг

Емир Латифовиќ