Атинскиот архиепископ Јероним синоќа ја откажа закажаната средба планирана за утрово со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, објави „Катимерини“. Црковни лица го оценија овој настан како реткост, нагаѓајќи која порака сака да се испрати со тоа.
Официјалната причина за откажувањето на средбата, е состанокот на Светиот Синод на Атинската Архиепископија, на кој мора да биде избран нов митрополит на Лариса, пренесува БТА.
Меѓутоа, откажувањето на средбата со Вселенскиот патријарх веројатно зборува за незадоволството и лошата атмосфера што владее меѓу Вселенската Патријаршија и Грчката Православна Црква.
Двете православни Цркви имаат сложени односи, главно поради тоа што Грција всушност е поделена помеѓу епархиите на Патријаршијата и Архиепископијата, наведува бугарската агенција БТА.