Атина со политичка поддршка во борбата против ИСИС

Од:

Грција е подготвена ќе обезбеди невоена поддршка за групата земји кои се подготвени да и се спротивстават на Исламската држава, позната како ИСИС или ИСИЛ, јави дописникот на МИА од Атина.

– Ние ја поздравуваме и ја изразуваме нашата политичка поддршка за создавање глобална алијанса на држави што ќе ги координира меѓународните напори против Исламската држава, терористичка организација чии активности предизвикаа бес и едногласна осуда од страна на целиот цивилизиран свет, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

По самитот на НАТО во Велс минатата недела, голем број земји, вклучувајќи ги и Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Полска, Данска, Турција, Австралија и Канада, се согласија да ги здружат силите со САД во борбата против екстремистичката група.

– Ја изразуваме нашата солидарност со ирачката Влада, со христијаните и сите погодени етнички и верски заедници во регионот кои страдаа од варварските постапки на Исламски калифат, екстремистичка џихадистичка организација, која мора да биде уништена, се истакнува во соопштението на грчкото МНР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Планирале терористички напади, регрутирале за ИСИС – уапсени четворица

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис