Атина нема пари за новогодишна елка

Од:

Атина оваа година нема пари за новогодишна елка, откако лани Грците ја имаа најголемата во Европа, објави порталот „ГрикРипортер“.

Градските власти во Атина го намалија за 90 проценти буџетот, кој е наменет за празниците оваа година и се откажаа од традиционалното украсување елка на плоштадот Синтагма. Скромно ќе бидат украсени со сијалички само неколку поголеми булевари и плоштади.

– Грција ја завршува петтата година на рецесија и се движи кон шестата, со намалување на платите и пензиите и зголемување на даноците, така што многу луѓе се откажуваат од празнувањето на Нова Година или планираат да прослават дома со семејството, каде секој ќе донесе по нешто за трпезата, наведува грчкиот портал.

Во 2010 година елката на плоштадот Синтагма беше потпалена од демонстранти по воведените први мерки за штедење, кои меѓународните кредитори ги побараа од Грција. Минатата година властите во Атина ја поставија најголемата новогодишна елка во Европа во обид да покажат барем малку оптимизам.

Би можело да ве интересира

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина

Мицотакис: Грција се соочува со сериозни демографски проблеми

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Во Грција повеќе од 10.000 ученици се суспендирани поради користење на мобилни телефони за време на часовите

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов