Атина направи чекор нанапред кон финализирање на мерките за штедење

Од:

Меѓународните кредитори на Грција ја повикаа официјална Атина да даде повеќе детали за планот за заштеда на 11,5 милијарди евра за да може да продолжи финансиската помош за земјата.

Министерот за финансии Јанис Стурнарас вчера се сретна со претставниците на „тројката“ (ЕК,ММФ и ЕЦБ) за да ги финализираат намалувањата на трошоците за 2013 и 2014 година и разговорите биле фокусирани на овогодишниот буџет и планот за штедење кој се очекува да биде објавен до крајот на август.

Двете страни повторно ќе се сретнат во недела претпладне, а потоа претставниците на тројката ќе си заминат од Атина.

Стурнарас вчера се сретна и со премиерот Самарас кого го информираше за тоа како течат преговорите со „тројката“, но и повторно преговарале од каде можат да се намалат уште трошоци.

И покрај тензичниот состанок еден ден претходно со лидерите на коалициските партнери во Владата, Самарас успеа да обезбеди поддршка од Венизелос и Кувелис за мерките што треба итно да се спроведат. Тој успеа да ги убеди дека позитивен извештај на „тројката“ за Грција ќе значи сигурна финансиска помош во иднина и останување во еврозоната.

На 24 и 25 август Самарас ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд. Портпаролот на грчката Влада Симос Кедикоглу повтори дека приоритет, се уште, е останувањето на Грција во еврозоната.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он