Атина бара услови за поканата на евроамбасадорот за средба Филе-Поповски- Аврамопулос

Од:

Атина не директно, но сепак бара услови за поканата на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, за трилатерална средба со македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос.

„Нема потреба од ваква средба во период кога се чекаат претстојните состаноци со медијаторот на Обединетите Нации Метју Нимиц во Њујорк и кога треба да се види дали има перспектива за напредок“, стои во соопштението од грчкото МНР.

Аврамопулос го известил еврокомесарот дека суштината на преговарачкиот процес под посредство на Нимиц е обликувана од одлуките на Советот за безбедност на ОН и никако не е поврзана со Европската Унија и нејзините институции.

„Грција во принцип нема ништо против средби, но под услов да има добра подготовка и уште поважно, да постои уверување дека средбата ќе има ефект”, соопштува грчкото МНР.

Филе вчера испрати писмо до двајцата министри, Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос, во кое предложи нова рамка со која Европската комисија би имала директен увид во процесот на преговори за името. Во писмото, Филе вели дека велта е да се надградат заклучоците за Македонија.

Шефот на македонската дипломатија веднаш го префати овој предлог.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он