Атанасова: Сè уште има потенцијал за формирање нова бугарска влада

Од:

Десислава Атанасова, претседателка на пратеничката група на ГЕРБ-СДС во бугарскиот парламент, за БТВ изјави дека сè уште гледа потенцијал ова Народно собрание да создаде влада доколку се води од разумот и интересите на својот народ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Атанасова, можна е опција за малцинска влада на ГЕРБ. Таа ги повика партиите во 48 Народно собрание на Бугарија, кои одбија да учествуваат во преговорите организирани од Контакт групата, да ја преиспитаат својата одлука. Според неа, на Бугарите им е доста од опозицијата и немањето дијалог меѓу партиите не води кон безбедност и конструктивизам, туку до блокирање на политичкиот систем во Бугарија.

Според Атанасова, ситуацијата излегува од рамките на разумното, излегува од контрола на која било од политичките партии и ги повика да размислуваат за Бугарија.

Целта на состаноците на Контакт групата е да се најде форма на дијалог кој не само што е погоден за секого. Во парламентот на Бугарија треба да има дијалог и сила да се седне на иста маса, па дури и кога има противници, рече Атанасова.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски