Артан Диди нов директор на албанската полиција

Од:

Новиот министер за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири, изврши големи кадровски промени во редовите на полицијата. Со одлука на Тахири нов генерален директор на албанската полиција е 50-годшниот Артан Диди, јави дописникот на МИА.

Тој доаѓа на местото на Хисни Бургај, кој сега е наименуван за директор на Полициската академија во Тирана.

Артан Диди е полицаец од кариера, која ја почнал во најтешката година за земјата, 1997 кога завладеа целосен хаос по падот на пирамидалните штедилници. Бил прв човек на специјалната единица „Ренеа“, потоа на специјалната единица за брзи интервенции, како и директор на бирото за јавна безбедност при албанската полиција.

На оваа функција бил до 2005 година, кога по парламентарните избори кои ги загубија социјалистите на власт дојдоа демократите. Тогаш бил отпуштен од работа. По добивањето зелена карта со семејството заминал во САД каде добил и американски пасош. Исто така извршени се и други промени на раководните структури на полицијата на централно и локално ниво, при што сементи се сите началници на околиските полициски комесаријати.

Претходно повеќе до 60 отсто од вработените полицајци во сообраќајната полиција во Тирана беа сменети и на нивно место се поставени помлади полицајци.

Министерот Саимир Тахири изјави дека промените во полицијата се извршени во рамките во првата фаза од реформските зафати во овој сектор. Поранешнот премиер Сали Бериша остро реагираше во врска со смените оценувајќи го овој чекор на власта како примитивна одмазда на премиерот Рама поради разбиените банди од страна на полицијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство