Антифашистички протест во Грција, продолжува со штрајкот во државниот сектор

Од:

Двата најголеми синдикати на вработените во државниот и приватниот сектор во Грција повикаа на масовно учество на антифашистичките собири, што ќе се одржат вечерва во Атина и Солун, против неонацистичката партија Златна зора, по убиството на раперот Павлос Фисас од страна на нејзин приврзаник.

Протестот се организира истовремено со штрајкот против мерките за штедење и отпуштањата на државните службеници, додека во Атина се водат преговори меѓу Владата и „тројката“ меѓународни кредитори составена од ЕУ, ЕЦБ и ММФ за исплата на следната транша од една милијарда евра во рамки на финансиската помош за Грција.

Илјадници Грци вчера излегоа на улиците во сите поголеми градови во земјата, извикувајќи „Ќе ги протераме кредиторите и неонацистите“.

Властите побараа од политичарите, пратениците и партиските активисти да приложат докази во врска со започнатата истрага за дејствувањето на Златна зора, со цел оваа политичка партија да биде изолирана и забранета.

За прашањето во врска со оваа партија било разговарано и на вчерашните средби на грчкиот претседателот Каролос Папуљас со министри и политичари, одржани на негова иницијатива.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија