Анкета: Српската прогресивна партија со највисок рејтинг

Од:

Доколку во овој момент во Србија се одржат избори Српката прогресивна партија би освоила 48 отсто од гласовите, социјалистите десет, а од опозицијата изборниот праг ќе го минат само Демократската партија со шест проценти и Либерално-демократската партија на Чедомир Јовановиќ со пет отсто.

Ова се резултатите од анкетата на Ипсос Стратеџик маркетинг, изработена по нарачка на американската организација Меѓународен републикански институт, пишува белградскиот весник „Данас“.

Сите останати учесници на изборите, според истражувањето, ќе останат надвор од Парламентот. Од нив најмногу гласови би добиле Српската радикална партија на Воислав Шешељ и Социјалдемократската партија на Борис Тадиќ, по четири отсто.

Истражувањето покажува дека во моментов 54 отсто од граѓаните ја поддржуваат работата на актуелната Влада, додека 40 проценти не ја поддржуваат.

Четириесет и еден отсто од анкетираните сметаат дека премеирот Александар Вучиќ е политичар со потенцијал да промени нешто во Србија. На второ место е посочен лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ со четири отсто.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ