Анкета: Седум партии ќе влезат во новиот бугарски Парламент

Од:

Доколку денеска се организираат избори во Бугарија во новото 47. Народно собрание би влегле седум политички партии, покажуваат резултатите од моменталната слика за изборните ставови, спроведена од агенцијата Галуп.

Според дописникот на МИА од Софија, ГЕРБ -СДС би освоила 21,4 отсто од гласовите, коалицијата на двајцата поранешни привремени министри Кирил Петкови и Асен Василев „Промената продолжува“ ќе биде втора и ќе добие – 15,2 отсто, БСП на Корнелија Нинова – 13, 4 отсто, Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов – 12,3 отсто, Демократска Бугарија, на Христо Иванов – 12,1 отсато, ДПС – 11,4 отсто и Исправи се Бугарија. Доаѓаме – 4,1 отсто.

Под изборниот цензус од четири отсто за влез во Националното собрание останува проруската партија „Преродба“ на Костадин Костадинов со 3,3 отсто, и на ВМРО со 2,2 отсто.

Анкетата јасно покажува како се одразува појавата на новата политичка формација на двајцата поранешни привремени министри. Во моментов, инерцијата на новодојдените ја предизвикува поддршката на добро познатите партии и создава најдинамични перспективи за „Промената продолжува“. Таа покажа дека 50,6 отсто од анкетираните избирачи навеле дека би гласале на 14 ноември, додека 22,6 отсто дека најверојатно би гласале. Тоа значи дека интересот за избори расте.

Податоците се добиени од телефонска анкета, спроведена помеѓу 21 и 26 септември меѓу 2.000 возрасни бугарски државјани.

Би можело да ве интересира

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ