Анкета: Една четвртина од црногорските здравствени работници мислат дека СИДА-та се пренесува преку комарците

Од:

Околу една четвртина од здраствените работници во Црна Гора (22,2 проценти) изјавиле дека вирусот на ХИВ се пренесува преку убод од комарци, 17,1 отсто истакнале дека не знаат дали тоа е вистина, а осум проценти навеле дека жената може да се зарази единствено преку анален секс, покажува анкетата на црногорскиот Институт за јавно здравје.

Резултатите од анкетата покажуваат низок степен на информираност на медицинските работници за вирусот ХИВ и за болеста СИДА. Голем број од анкетираните признале дека малку знаат за ХИВ и СИДА-та и поркрај тоа што голем дел од нив посетувале семинари за тоа.

Најточни одговори дале физотерапевтите и лекарите, а најмалку стоматолозите и акушерките. Здравствените работници не биле сигурни и што точно значат кратенките ХИВ и СИДА

Со истражувањето биле опфатени 813 здравствени работници.

Секој четврти анкетиран изјавил дека секоја бремена жена со ХИВ раѓа ХИВ позитивно бебе, а секој осму здравствен работник не го знаел одговорот.

Околу 79 проценти од анкетираните изјавиле дека постои ефикасна вакцина против ХИВ.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот