Опозицискиот лев блок предводен од Социјалистичката партија на Еди Рама е во предност пред коалицијата на десницата на албанскиот премиер Сали Бериша, покажува анкетата на јавното мислење на агенцијата ИПР Маркетинг, спроведена во пресрет на парламентарните избори во Албанија закажани за 23 јуни.
Според оваа анкета, левиот блок би добил 46 отсто од гласовите, додека коалицијата предводена од Демократската партија на Бериша 44 проценти.
Пред неколку недели кон левиот блок се приклучи и Движењето за социјалистичка интеграција на Фатос Нано, кое дотогаш беше дел од владината коалиција на Бериша.