Турскиот заменик министер за надворешни работи Нуман Куртулмуш денеска изјави дека неговата земја има проверени информации од разузнавачки служби дека исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, планира да побегне во Канада.
Турција бара екстрадиција на Ѓулен поради наводно организирање на неуспешниот државен удар во јули минатата година.
Западни медиуми јавуваат дека разузнавачки служби укажале оти приврзаници на Фетулах Ѓулен купиле земјиште и фарми во Канада, а турската Влада оваа информација ја споделила со американското Министерство за правда.