Анкара демантира дека авиони на антиисламистичката коалиција полетале од Турција

Од:

Официјална Анкара денеска ги демантираше тврдењата дека авиони на коалицијата против Исламска држава, предводена од САД, полетале кон Сирија од територијата на Турција.

Турскиот демант доаѓа по тврдењето на сириската опозиција и на сведоци дека при нападите врз градот Кобане два воени авиони долетале од турската територија.

– Ниту еден турски авион не учествувал во досегашнте напади, ниту пак американската воена база Инчирлик во Турција е користена за нападите, изјави претставник на турското Воено воздухопловство.

Кобане од пред една недела е во рацете на џихадистите на Исламска држава (ИД) што предизвика масовно бегство на илјадници сириски Курди во Турција. Според изјави на очевидци, реонот околу овој град во близина на сириско-турската граница, бил цел на воздушните напади на антитерористичката коалицијата.

Потврда за тоа засега  нема како од американските воени власти, така и од некои од земјите сојузнички во коалицијата.

САД и пет земји од реонот на Персискиот Залив и од Блискиот Исток (Саудиска Арабија ,Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Бахреин) од понеделникот извршуваат воздушни напади и врз делови од сириската територија,што се под контрола на џихадистите.

Целта на нападите е уништување на базите на ИД и на нивната воена опрема,за да се спречи таа територија да се користи како безбедна локација.

Засега се знае дека во нападите врз сириската територија учествувале САД, а потврда за тоа дадоа и Јордан, како и Саудиска Арабија, но не се знае каква била улогата на Катар и Бахреин. Вкупно 50 земји тврдат дека се дел од коалицијата.

Групата Исламска држава е создадена во 2013 година и таа на почетокот беше дел од сириската вооружена исламска коалиција, која учествува во бобите за соборување на преседателот на Сирија, Башар ал Асад. Првиот град што џихадистите го освоија беше Рака во источна Сирија во близината на границата со Ирак. Од јуни годинава џихадистите се префрлија на ирачката територија, набрзина освојувајќи голем простор во северните делови од земјата, заземајќи го и градот Мосул. На освоените територии во Сирија и Ирак, тие тврдат дека создале „Исламиски калифат“, применувајќи брутални репресалии врз немуслиманското население и врз шиитите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ