Анкара, Берлин и Егејските острови

Од:

Вима – Атина

По критиките на Меркел на адреса на Ципрас и за мигрантите, кои го фатија беспомошен и молчалив грчкиот премиер за да ги „негира“ неколку дена подоцна, па дури и кога тие се појавија и во Фајненшел тајмс, уште еден удар, многу посилен, сега доаѓа од Берлин и од германската влада која сака да се спаси по претрпените еден по друг изборни порази заради тој проблем.

Споре вообичаено добро информираниот за намерите на Берлин медиум Дојче веле, Германија сега отвара прашање за тоа дали плановите за преселување бегалци на континенталниот дел од Грција се во согласност со договорот на ЕУ со Анкара.

Паралелно со тоа, германскиот министер за надворешни работи се наврати на тезата дека Грција треба да ги прифати обратно оние кои незаконски, како што тврди тој, дошле во Германија, бегајќи од грчката територија.

Практично, сето тоа значи дека Грција ќе се соочи со хаос: сите кои се наоѓаат на островите воопшто нема да можат да бидат раселени во внатрешноста на земјата пак ако започнат некакви реадмисии, и никој нема да може дури ни да замисли што не очекува.

Тоа се случува без никој да ги мери на кантар новите протоци од Турција, затоа што Грција воопшто не може да управува сама со оскудните средства кои ги испраќаат од ЕУ.

Но во Берлин си ја вршат работата, како што впрочем се случува и во Брисел. Во пракса, прашањето кое ја засега Атина е: можно ли е таа да прифати таква логика, особено за островите во источниот дел од Егејското море? Дали се знае што значи тоа и каков преседан со огромен ризик е на повидок?

Особено во момент кога прво, грчката држава е толку безсилна, и второ, кога за првпат од 1923 година Турција веќе официјално го оспорува Лозанскиот договор, како што вчера го стори тоа Ердоган во шокантната изјава која е од огромно значење за односите со Грција (турскиот претседател го подложи на критика Лозанскиот договор од 1923 година со кои се определуваат современите граници на земјата, како што рече, и е штетен за Турција).

Владите во Атина и Грција треба да разберат дека тие процеси се нешто повеќе од алармантни. Тие навистина се опасни. Тие толку мрачни индикации не можат да бидат игнорирани.

Грција мора да разбере што е можно побрзо, дека се најавува нешто лошо. А тоа веќе почна со начинот по кој беше дефинрано учеството на НАТО во миграцискиот проблем, кое се случи по тајни двострани консултации меѓу Анкара и Берлин. Тоа за многумина можеби е комотна ситуација, но може да доведе до распад на оваа држава.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он