Анастасијадис: Дупчењето во водите на Кипар е „втора инвазија“ на Турција

Од:

Претседателот на Кипар Никос Анастасијадис го осуди турскиот обид за дупчење во води на тој остров во потрага по природен гас и го нарече „втора инвазија“ од страна на Турција.

Тој додаде дека таквото однесување на Турција не е во согласност со меѓународното право, и дека создава „непремостливи препреки“ за повторно отворање на разговори со цел обединување на етнички поделениот Кипар.

Анастасијадис нагласи дека нема да има нови разговори се додека островот е под закана.

Кипар е поделен од 1974 година по турска инвазија како одговор на државен удар на островот.

Турција не го признава суверенитетот на Кипар и тврди дека кипарската Влада со потрагата по гас ги крши нејзините права и правата на кипарските Турци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он