Анастасиадис задоволен што Мицотакис го покрена кипарското прашање на средбата со Бајден

Од:

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис изразил задоволство што на средбата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со американскиот претседател Џо Бајден било покренато и кипарското прашања, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изјава за медиумите на Кипар, како што соопштија од кабинетот на Анастасиадис, кипарскиот претседател рекол дека Мицотакис ја пренел „решителноста да работиме на изнаоѓање решение, врз основа на резолуциите на ОН, одлуките на Советот за Безбедност и секако принципите и вредностите на ЕУ“.

-Апсолутно сум задоволен, бидејќи премиерот, по координацијата што ја имавме при мојата неодамнешна посета на Атина, го покрена кипарскиот проблем, ги покрена прашањата кои го нарушуваат мирот или претставуваат закана за мирот во регионот. Секако, ќе бидам информиран штом ќе се врати премиерот, рече Анастасиадис.

Грчкиот премиер за време на неговиот говор на приемот организиран во Белата куќа, во однос на кипарското прашање истакна дека „никој не може и нема да прифати решение со две држави на Кипар“ и му се обрати на претседателот Бајден, велејќи дека е исклучително информирани за конкретната тема и го замоли да го искористи целото негово влијание „за да го врати преговарачкиот процес според резолуциите на Советот за безбедност на ОН“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он