Воздушните сили на Турција синоќа извршија опсежна воздушна операција во регионот Карачак, во северниот дел на Ирак, кој припадници на ПКК го користеле како база, јави агенцијата Анадолија.
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, во рамки на операцијата „Канџа“, турските сили продолжуваат да гаѓаат терористички позиции преку погранична воздушна операција.
– Во координација со операцијата „Канџа“, која продолжува во северниот дел на Ирак, со цел уништување на терористичките напади врз нашиот народ и нашите сили, како и осигурување на граничната безбедност, и во рамки на нашите меѓународни права, синоќа беше извршена опсежна воздушна операција во регионот Карачак, во северниот дел на Ирак, кој терористите на ПКК го користеле како база, се вели во соопштението, во кое се нагласува дека во операцијата се уништени повеќе цели, меѓу кои засолништа, упоришта, пештери и складишта за оружје користени од терористите.
Во соопштението се наведува дека во рамки на операцијата во голема мера биле користени домашни и национални муниции, како и беспилотни летала.
– Преку оваа операција, таргетирани беа само објекти на терористите, а беше вложен максимум напор, со цел да не му се наштети на цивилниот народ, се истакнува во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, во кое се додава дека „борбата против тероризмот ќе продолжи со одлучност и упорност сè додека не биде неутрализиран и последниот терорист“.