Американскиот државен обвинител сака да го зајакне партнерството со балканските земји

Од:

Соединетите Американски Држави сакаат да го зајакнат партнерството со балканските земји во борбата против екстремизмот и организираниот криминал, изјави денеска државниот обвинител на САД, Џеф Сешнс.

Тој на состанокот со претставници од Албанија, Босма и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија во Загреб рече дека соработката веќе покажала резултати, но напомена дека може да се прави уште.

– Продолжуваме да се соочуваме со сериозни закани од тероризмот, криумчарењето дрога и луѓе, организиран криминал и корупција. Паметните криминалци ги користат границите за да се кријат позади нив, а ние не смееме тоа да го дозволиме, предурпеди Сешнс.

Тој кажа дека Балканот бил зафатен од вооружени конфликти во деведесеттите, што доведе до колапс на безбедносните мрежи на поранешна Југославија, додека организираниот криминал цветаше.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија