Амбасадорите на членките на НАТО им препорачаа денеска на шефовите на дипломатиите да ја повикаат Црна Гора во НАТО, соопшти амбасадорот на Словачка во Алијансата Томаш Валашек.
Сепак, како што соопшти, Црна Гора не би требало се уште да слави бидејќи конечната одлука ја носат министрите за надворешни работи.
Валашек соопшти дека се надева оти НАТО ќе ги уважи реформите кои Црна Гора ги спровела, а кои според него се импресивни.
Одлуката за покана на Црна Гора да се приклучи во НАТО ќе биде донесена в среда, на 2 декември, објави црногорската државна телевизија.
Како што се наведува, оваа информација ќе ја потврди и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг на денешната прес-конференција.