Али Бабаџан: Демократијата ќе опстои само со солиден правен систем

Од:

Турскиот заменик-премиер Али Бабаџан изрази загриженост околу состојбата со владеењето на правото во Турција, објави весникот „Хуриет Дејлки Њуз“.

– Демократијата може да опстои само со солиден правен систем, изјави Бабаџан во обраќање на конференцијата „Средби на Високата порта“, додавајќи дека доколку состојбата со правосудството во Турција се влоши, земјата може да се соочи и со влошување на ситуацијата во економијата.

Бабаџан, кој е вице-премиер задолжен за економија, истакна дека демократијата може да доживее колапс доколку не постојат јасни и транспарентни правила, ако се кршат законите и доколку правосудството не функционира според правилата.

Според Бабаџан, нефункционирањето на правниот систем, може да ја влоши и бизнис климата во земјата, па затоа е потребно правниот систем да функционира на објективен и независен начин.

Али Бабаџан важи за еден од најпочитуваните турски политичари во фининасиските кругови во земјата, но неговата идна политичка кариера е неизвесна бидејќи тој не ќе може да се кандиодира на претстојните парламентарни избори во Турција на 7 јуни, поради правилото на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) за ограничување на бројот на мандати на нејзините пратеници на најмногу три.

Од друга страна, неизвесна е и неговата позиција во АКП, откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган упати остри критики на сметка на работата на гувернерот на централната банка, Ердем Башчи, кој на таа позиција дојде по препорака на Бабаџан, кој исто така застана и во одбрана на неговите финансиски политики.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ