Албанските затвори „блиндирани“ пред изборите

Од:

Во албанските затвори пред одржување на парламентарните избори воведена е целосна забрана за издавање на дозволи за излез на затворениците, посети од роднините, а целосно e зајакната и безбедноста во овие институции.

Наредбата ја издал директорот на албанските затвори, Гезим Дибра со која истовремено на повисок степен е подигната безбедноста во сите затвори.

Според телевизијата видно е зголемен бројот на припадниците на полицијата на влезот на затворите со цел евентуално спречување на одредени протести во казнено-поправните домови, но и поради веќе утврдените гласачки места и листи за гласање на затвореници на неделните избори во Албанија.

На претстојните парламентарни избори во Албанија правото на глас ќе го остварат пет илјади затвореници, кои ќе гласат на 19 избирачки места.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски