Албанските пратеници гласаа за смена на член на Централната изборна комисија (ЦИК) пред парламентарните избори на 23 јуни, со што предизвикаа остри критики од ЕУ и САД.
Албанскиот Парламент го усвои доцна синоќа со 74 гласови „за“ предлогот за смена на еден од членовите на Централната изборна комисија.
Тој претставник на избирачката комисија беше поддржан од мала партија, која неодамна ја напушти владината коалиција, за да се присоедини кон опозицијата.
Американскиот амбасадор во Тиран Александар Арвизу изјави дека промената во изборната комисија ја ставила Албанија во „конфронтација“ со меѓународната заедница.