Во дваесет минутна репортажа објавена во Шпанија се тврди дека болниците во Албанија наликуваат како од времето на Втората светска војна, пренесува тиранскиот весник „Тема“.
Како што јави дописникот на МИА, весникот наведува дека во репортажата се тврди дека во албанските болници е поверојатно де се инфицирате, отколку да бидете излекувани.
– Додека во болниците недостигаат лекови, во Универзитетската клиника во Тирана може да најдеде од кафе, па до сервис за автомобили. Она што уште повеќе вознемирува е корупцијата која има алармантно ниво, се вели во репортажата.
Во извештајот се наведува дека недостигаат здравствени центри во земјата и оти албански граѓани од многу населени места треба да патуваат „многу километри“ за да добијат основна здравствена услуга.
Во комунизмот ситуацијата беше поинаква, бидејќи и најоддалечените планински области имаа медицински услуги и тие беа бесплатни, се неведува во репортажата.