Албанскиот парламент ќе се конституира на деветти септември

Од:

Конституивната седница на новиот албански парламент ќе се одржи на деветти сепмември, јави дописникот на МИА од Тирана.


Указ за тоа денеска потпиша шефот на државата Бујар Нишани.


„Врз основа на одредбите на Уставот на Република Албанија, претседателот Бујар Нишани, го декретира конституирањето на 19-тото Собрание на Република Албанија за деветти септември 2013 година во 18 часот“, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.


Според вчера официјално објавените резултати од изборите спроведени на 23 јуни, од вкупно 140 пратенички места, 83 се на изборната коалиција „Алијаса за европска Албанија“, предводена од социјалистите на Еди Рама, додека 57 на коалицијата „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“ предводена од демократите на Сали Бериша.


Врз основа на договорот, нов спикер на албанскиот парламент ќе биде Илир Мета, лидер на Движењето за социјалистичка интеграција.


По конситуирањето на парламентот ќе биде избрана и новата влада на чие чело ќе биде Еди Рама.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски