Тројца албански државјани претепале активист на грчката неонацистичката партија Златна зора во градот Патрас, на југот на Грција, јави дописникот на МИА од Тирана.
Причина за бруталното претепување бил коментарот што тој го напишал на социјалната мрежа Фејзбук дека „ќе ги убие Албанците“. Тројцата албански имигранти иритирани од заканата на грчкото момче, го пресретнале на улица и брутално го претепале.
Полицијата ги уапсила тројцата Албанци додека претепаниот Грк бил пренесен во болница, каде била подложен на хирушка интеренција поради скршена вилица.