Албанската Влада забрани градежни работи во градовите со историско значење

Од:

Новата албанска Влада одлучи да забрани градежни работи во некои од историските области, со цел да ја стави под контрола алармантната состојба, која настана поради стотиците илјади незаконски градби во земјата.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека согласно одлуката на неговиот кабинет, најпрво заштитени ќе бидат Берат, Ѓирокастро и Круја, поради историските и културните вредности, пронајдени во овие три градови.

Рама истакна дека во тие три населени места, кои се дел од културното наследство на УНЕСКО, нема да бидат издавани никакви дозволи за градба.

– Нашето културно наследство е соочено со голема опасност и затоа одлучивме да го блокираме издавањето на какви било дозволи за градење во градовите Берат, Ѓирокастро и Круја, изјави Рама.

Тој додаде дека слични мерки ќе бидат преземени и во други градови, меѓу кои и во главниот град Тирана.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски