Албанската полиција заплени 1,2 тони марихуана

Од:

Албанската полиција во близина на приморскиот град Валона откри и заплени 1,2 тони марихуана, јави дописникот на МИА од Тирана.


Дрогата била пронајдена во заедничка рутинска полициска контрола со припадниците на Гуардиа ди Финанца, на полуостровот Карабурун во 38 торби, подготвена да биде прошверцувана за Италија.


Приведено е едно лице кај кое полицијата пронашла и автоматска пушка „Калашњиков“.


Полицијата работи на идентификација и на други лица вмешани во шверцот со марихуаната, чие потекло, според медиумите е од селото Лазарат, познато по производство на оваа дрога.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски