Албанската полиција уапси две лица, осомничени за кражба и шверц на икони и други вредни предмети.
Арбен Спахо (42) по потекло од Подградец и Ѓерѓи Тими (51) по потекло од Корча, и двајцата жители на Тирана, се уапсени откако при контрола на три станови во Камза, Тирана и Батор биле открини 100 икони.
И двајцата и претходно и биле познати на полицијата за кражби икони и други вредни предмети.
– Акцијата спроведена во тите градови откри база каде биле чувани украдени вредни предмети, главно икони, кои потоа требало да бидат продавани во Грција, Србија, Хрватска и Италија, соопшти полицијата.
Дали меѓу овие икони има и од оние кои се украдени низ црквите во Македонија, треба да потврди истрага.