Албанската мафија обезбедувала лажни венчавки за да се измамат британските власти

Од:

Водачот на една група од Лондон поврзана со албанската мафија, Тефик Сулејмани (39) е осуден на десет години затвор за измама на имиграционите закони во Велика Британија, преку организирање и уредување лажни венчавки, за мажи од земјите кои не се членки на ЕУ.

Заедно со него на заторски казни меѓу девет и 6,5 години се осудени и други двајца Албанци кои биле главни помошници во оваа измама. Четвртиот обвинет во овој криминал, побегнал од земјата пред да биде уапсен.

Во текот на судењето е откриено дека Сулејмани имал партнерски односи со една адвокатска фирма, покривана од албанската мафија и дека неговите соработници располагале со дозволи за престој во Велика Британија по разни основи. Во периодот меѓу 2004 и 2011 година тие ги измамиле британските имиграциски власти, наплатувајќи за услугите и за лажните бракови и до 14.000 фунти.

Скотаанд Јард нема точна бројка колку бракови се склучени преку оваа банда, но за седум години откриле околу осум илјади лажни апликации за престој и за трајно останување во земјата.

Според добро разработениот план. Сулејмани и неговите соработници носеле жени од источноеврпските земји-членки на ЕУ, главно од Бугарија, Романија и од балтичките држави, за да послужат како „невести“ на „младоженци“ од Албанија, Пакистан и Турција. Полицијата открила дека сите лажни невести, во организација на членови на албанската мафија во Велика Британија пристигнале со нискобуџетеските комапнии „Изи Џет“, „Виз Ер“ и „Рајан Ер“, како и две балтички авионски комапнии.

По пристогнувањето во Лондон, жените биле сместувани во станови, каде чекале да бидат однесени на „венчавка“ со мажи кои никогаш дотогаш ги немале видено. Ваквите венчавки биле организирани по разни места, од јужна Англија, па се до Единбург во Шкотска.

За „младоженците“ преку адвокатската фирма, Сулејмани и другите обезбедувале лажни документи, а пред се дека имаат стан и работа во Велика Британија и дека може да се венчаат. Полицијата верува дека бандата на овој криминален бизнис има заработени десетици милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски