Албанија и понатаму останува земја транзит за трговија со дрога, луѓе и организиран криминал, јави дописникот на МИА од Тирана. Ова е оценката што денеска ја изнесе амбасадорот на ЕУ во Албанија, Еторе Сеќуи на заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Фламур Нока.
Тој во истореме упати апел за зголемување на соработката меѓу Обвинителстото и полицијата, со цел да се засили истрагата и борбата против криминалот во земјата.
Според амбасадорот Сеќуи, Албанија има добри закони, но потребни се добри истражни капацитети и многу повеќе финансии за истражните органи.
Албанскиот прв полицаец, Нока, рече дека борбата против кримналот и корупцијата се приоритет на Владата, нагласувајќи дека „работата во групи потврдила дека против корупцијата може да се војува и во мали земји, како што е Албанија“.