Албанија: Опозицијата целосно го блокира сообраќајот

Од:

Илјадници приврзаници на обединетата албанска опозиција и незадоволни граѓани целосно го блокира сообраќајот во земјата, создавајќи колони со воизла, кои не може да го продолжат патот кон посакауваната цел.

Единствено, насобраните граѓани дозволуваат да поминат возилата на брза помош.

Извикувајќи „Рама оди си“, „Не сакаме криминална Влада“, „Посакуваме Албанија како цела Европа“, „Доста ни е од сромаштија“ демонстрантите се наоѓаат на сите главни национални патни правци.

Дел од демонстрантите палат гуми, а некои со собе носат и список на неплатени долгови и јавно ги презентираат пред камерте на новинарските екипи. Од градот Рогожина порака до Рама испратија од воздух со дрон.

Блокрани се и возила со сватови и невеста. Според допусникот на агенцијата Балкан веб сватовите кои од Драч земале невеста останале блокирани и не можеле да го продлжат патот.

Лидерот на Демократската партија е со протестантите во Елбасан, додека лидерката на третата по големина партија во земјата, опозициското Социјалистчко движење за интеграција, Моника Крумади во Драч.

Крумади за медиумите употребувајќи погрдни и навредливи зборови за него, рече дека премиерот Рама ја држи во заложништво целата земја, поради што треба да заврши во затвор.

Според најавата, со обраќањето на Баша пред демонстрантите каде што е ќе заврш блокадата на сообраќајниците.

Би можело да ве интересира

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија