Албанија оди на референдум за клучните „ЕУ закони“ без поддршка од опозицијата

Од:

Мнозинството во албанскиот Парламент го одобри предлогот на Владата за одржување реферндум за три клучни закони, чие усвојување Европската унија и го постави на Албанија како услов за доделување на кандидатски статус.

Како што јави дописникот на МИА, опозицијата ја напушти собраниската сала, откако албанскиот премиер Сали Бериша предложи координаторите на пратеничките групи да постигнат консензус за усвојување на законите.

– Ние нема да дозволиме понатамошно блокирање на Албанија во ЕУ. Блокирајќи ги трите закони, кои се услов за евроинтеграцијата, опозицијата направи колосална штета врз имиџот на земјата. Донесувањето на трите закони ќе ја зголеми довербата кај странските инвеститори, затоа уште еднаш го повикувам (лидерот на опозиција Еди) Рама да работи во интерес на евроинтеграцијата на земјата, бидејќи тоа е во интерес на сите Албанци, изјави Бериша.

Веднаш потоа, опозицијата го напушти Парламентот, по што владејачкото мнозинство со 73 гласови „зз“ го усвои предлогот на владејачката Демократска партија за спроведување реферндум за донесување на трите закони.

Претходно, по повеќечасовна расправа со 73 гласови „за“ и 61 „против“ албанскиот Парламент го усвои законот за приватизација на четирите хидирцентрали „Улза“, „Шкопет“, „Бистрица 1“ и „Бистрица 2“ и ја ратификува и лиценцата за Национална лотарија на австриска компанија.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски