Албанската Влада денеска соопшти дека ќе понуди азил за 210 припадници на една иранска опозициска група која во моментот е сместена во американската воена база во близина на главниот град на Ирак, Багдад.
– Азилот за припадниците на групата Муџахедин-ел-Калк понуден е од хумаитарни причини, изјави албанскиот премиер Сали Бериша по состанокот со заменик-помошникот на државниот секретар Барбара Лиф, американскиот пратеник за Ирак, Мартин Коблер и други претставници.
Владата во Багдад сака иранската група да го напушти Ирак.
Муџахедин-ел-Калк е против иранскиот верски режим и е одговорна за поголем број атентатити и бомбашки напади во Иран до 2001 година, кога се откажа од насилството. Нејзините членови во 80-тите години од минатиот век заедно се бореа со тогашниот ирачки претседател Садам Хусеин во иранско-ирачката војна.
Според податоци на Обединетите нации околу 3.000 припадници на Муџахедин-ел-Калк живеат во поранешната американска база и одбиваат да заминат од Ирак.