Албанија и нејзините природни убавини, со своите прекрасни плажи, се почесто е во интерес на светските медиуми кои оваа земја ја вбројуваат во најдобрите туристички дестинации за 2013 година, јави дописникот на МИА од Тирана.
Британскиот весник „Гардијан“ во рубриката „Травел“ ги наведува 20-те најпримамливи плажи за да се помине одморот оваа година. Написот уште на самиот почеток објавува фоторафија од плажата во Ксамил, за која вели дека е една нова дестинација за да се мине седумдневен одмор во Албанија, која пак, како што пишува, е „идна Хрватска“.
– Здосадено ви е од Хвар и останатите острови. Пробајте во Албанија. Со крабјрежје од 380 милји должина, убави села покрај морето, урнатини од римскиот период, плажите на Јадранот се познати како идна Хрватска меѓу љубителите (авантуристите) во потрага по плажи, пишува весникот.
По Албанија, меѓу најпривлечните плажи за одмор ова лето, според написот на „Гардијан“, се островот Санта Марија на Азурите, островите Канариа и Марина ди Венеција во Италија, Сицилија и Пуља на југот на Италија, плажата Амалфит во Неапол, потоа Сребрено острово и Крф во Грција, како и Анталија во Турција, Истра во Хрватска, потоа Канада, Кенија, Малта, Шпанија, Португалија и Сардинија.