Албанија ќе му помогне на Косово да добие свој телефонски префикс

Од:

Министерот за иновации и информатичка технологија и комуникации на Албанија, Генц Поло, во текот на средбата со косовскиот министер за економски развој, Бесим Беќај, вети дека Тирана ќе се ангажира Косово да добие сопствен меѓународен телефонски префикс или да го користи повикувачкиот број на Албанија.

Министрите како исклучително успешна ја оценуваат соработката на Тирана и Приштина на политички и економски план и истовремено ќе се ангажираат Албанија во име на Косово да побара од ИТУ меѓународен префикс за Косово или користењето на нејзиниот префикс 00-355 за фикаксната и мобилната телефонија на Косово.

Областа на телекомуниациите е една од темите во дијалогот меѓу Приштина и Белград.

Во фикснаата телефонија во Косово се користи повикувачкиот број на Србија (+381), додека во мобилната телефонија се користи меѓународниот префикс за Монако (377) и на Словенија (389).

Утре изминува рокот за поднесување на понудите за приватизација на 75 отсто од акциите во фикансата и мобилната телефонија на Косово.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски