Албанија ќе им дава државјанства на сите Албанци, освен на оние од Косово

Од:

Албанскиот премиер во заминување, Сали Бериша, денеска ја сооопшти последната одлука на Владата за давање албанско државјанство за сите Албанци по потекло, освен на оние од Косово, јави дописникот на МИА од Тирана.

Зборувајќи на седница на Владата Бериша изјавил дека со овој процес не се опфатени Албанците од Косово, за кои, додал дека се жители на една независна држава и во „еден здрав процес со ЕУ“.

Со одлуката на Владата во Тирана се определуваат процедурите за добивање на албанско државјанство, а министерствата за надворешни работи и за внатрешни работи се задолжуваат да ги направт сите потребни подготовки за тоа.

– Албанија е последна држава во регионот и Европа која овозможува давање на државјанство на своите сонародници, за разлика од сите други кои тоа го сторија многу порано, изјавил Бериша, дообјаснувајќи дека дека оваа одлука мирувала четири месеци, пред одржувањето на парламентарните избори во земјата.

Според него, овој чекор на Владата не треба од никого да се сфати некаков друг чин освен во интерес на доброто на Албанците, мирот и стабилноста каде што тие живеат. Аплицирањето на добивање албанско државјанство почнува на први август годинава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја