Албанија ја почна вакцинацијата во старските домови

Од:

Во Албанија во тек е вакцинацијата и на лицата сместени во домовите за стари, што вчера почна со вакцинирањето во установа од ваков вид во Скадар.

Денеска почна вакцинацијата на старите лица во домовите во Тирана, чиј тек одблиску го следеа премиерот Еди Рама и министерката за здравство Огерта Манастирлу.

-Вчера почнавме со вакцинација во домот во Скадар и од денеска продолжуваме низ цела држава. Вкупно има околу 700 стари лица во сите домови. Останатите се вработени. Значи околу 1.000 стари лица и персонал кои ќе бидат вакцинирани, рече Манастирлиу.

Таа најави дека ќе се продолжи со имунизација на лицата постари од 80 години, а потоа, со пристигнување на новата количина на вакцини од Фајзер (околу 30.000) до крајот на месецов и целата популација.

Ова е втората категорија која во Албанија се опфаќа со вакцинација, по персоналот во четирите ковид болници во Тирана, од вчера и оние во регионалната болница во Скадар, а утре почнува во Валона.

Би можело да ве интересира

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија