Албанија го прекршила ембаргото кон Либија за време на конфликтот во 2011 година. Ова се наведува во извештајот на ОН, кој открива дека и Катар и Обединетите Арапски Емирати го прекршиле ембаргото за доставување оружје во Либија, за време на конфликтот во 2011, снабдувајќи ги со оружје и муниција силите што се бореа против режимот на Моамер Ел Гадафи.
– Во трансферот на оружје исто така се спомнуваат Албанија, Ерменија и Украина, стои во извештајот, пренесува албанските медиуми.
Во документот на ООН пишува оти дури 12 држави го прекршиле ембаргото во конфликтот во 2011 година во Либија.
Светската организација изразува вознемиреност од фактот дека дел од оружјето се пренесува и во други држави каде има конфликти, Мали, Сирија и во Појасот Газа.