Албанија доби нова пратка со 8.190 вакцини од Фајзер, Рама најави 360.000 дози од пријателска земја

Од:

Во Албанија пристигна нова пратка од 8.190 вакцини од компанијата Фајзер, со што до сега од оваа компанја пристигнати се вкупно 16.380, од договорените 500.000 вакцини.

Во комуникација со новинарите на Меѓународниот аеродром во Тирана, пред пристигнувањето на вакцините, премиерот Еди Рама рече дека е во постојана комуникација со пријателска земја, за да обезбеди 360.000 дози вакцини и додаде дека за помалку од две недели тој ќе ја посети таа држава.

Меѓу другото, ги повика сопствениците на деловни објекти да не ги отвораат вратите за политичарите кои водат предизборна кампања спротивно на пропишаните мерки, бидејќи, според премиерот, тие ќе страдаат со високи казни.

Министерката за здравство Огерта Манастирлиу, рече дека оваа недела „целта е да заврши вакцинацијата на медицинскиот персонал низ целата земја“.

-По добивањето на новата количина вакцини процесот на вакцинација ќе го интензивираме. До сега вакцинирани се над 6.000 здравствени работници а оваа недела имаме амбиција да го покриеме со имунизација медицинскиот персонал низ цела Албанија. Почнавме со вакцинација на здравствениот кадар, а продолживме со персоналот и старите лица сместени во домови а од неделата и повозрасни лица од 80 години, рече Манастирлиу.

Таа најави дека до крајот на неделата Комитетот на експерти за справување со пандемијата ќе ја анализира епидемиолошката состојба и апелираше на сторого почитување на мерките за заштита „за да не дојде до нивно заострување“.

Би можело да ве интересира

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија