Албанија: 70 отсто од младите со желба за емиграција

Од:

Од младите во Албанија 70 проценти сакаат да заминат од државата, додека 80 отсто од нив најголем проблем им е вработубањето, извести тиранскиот весник „Шќип“. Податоците се изнесени во студија за проблемите на младите во Албанија, спроведена во 2011-та година од Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Покрај тоа, дури 96 проценти од младите немаат доверба во политиката.

„Албанската младина паралелно размислува, нема доверба во политиката, а од друга страна влегува во политичките партии заради добивање на работа“, вели директорот на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Франк Хантке.

Тој смета дека овие податоци се чудни за една демократска земја.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски