На границата меѓу САД и Канада е уапсен српски државјанин со 52 килограми кокаин, информира српското радио Б92.
Според весникот „Прешево јон“ уапсен е 27-годишниот етнички Албанец Л. М.од Прешево. Тој бил фатен од канадските граничари, кои во камионот со приколка, што самиот го управувал, дрогата му ја пронашле во три бункери.
Л. М. е обвинет за шверц и поседување наркотици и ќе биде задржан во притвор, додека не биде изведен пред суд.